Актерката Џулија Робертс има три деца кои ретко се појавуваат во јавност, а приватниот живот се обидува да го сокрие и зачува во своите четири ѕида. Меѓутоа, во една емисија таа откри некои од нејзините лекции и упатства кога станува збор за родителството.
На прашањето како да му објасните на детето дека ја преминало границата и дека неговото однесување може да доведе до одредени последици, Џулија Робертс објаснува:
– Мора да го користите вашиот многу строг родителски глас, но чувствата понекогаш мора да бидат тивки за да имате навистина свесен разговор за тоа.
Актерката се обидува да користи мирна комуникација за да им укаже на недостатоците на децата и да ги дисциплинира, а начинот на кој се поврзува со децата, секојдневно разговара со нив и го одржува семејството заедно, ќе воодушеви многу мајки. Поради напорниот модерен живот, ретко се собираме како семејство на ручек, но актерката објаснува дека овие ритуали се важни во нејзината куќа и дека ги практикува секојдневно:
-Кога сите заедно седиме на маса, тоа е дел од врската што ја очекуваме еден од друг и навистина е значаен период кога имавме неверојатни разговори. Појадувам и вечерам секој ден со моите деца и мислам дека е рутина да го започнеме денот заедно и да го поминеме она што се случило на крајот од денот и да го затвориме заедно.
Актерката беше прашана и кога е вистинското време детето да добие мобилен телефон, а многу мајки и татковци можеби не се согласуваат со неа бидејќи повеќето деца кај нас добиваат телефон порано од оваа возраст.
– Ќерка ми го доби првиот телефон за својот 12-ти роденден. Мојот сопруг и јас бевме против тоа, но нејзините причини зошто сакаше мобилен телефон беа толку искрени и јасни. Тоа беше целосна ранлива искреност за нејзините потреби и јас бев целосно заљубена во неа во тој момент.