Џулија Робертс неодамна се појави на подкастот E! News, каде отворено зборуваше за младоста и за сето она со што тогаш експериментирала.
Иако многу ѕвезди го избегнуваат ова прашање, Џулија даде конкретен одговор кога станува збор за најтешкиот вид на дрога што го пробала во животот.
„Печурки. Нема да лажам, убаво беше. Деца, не го пробувајте ова дома“, рече Јулија.
Да потсетиме дека полусестрата на Џулија, Ненси, беше пронајдена мртва во 2014 година, а причина за смртта беше предозирање со апчиња.
Иако никогаш не беше потврдено, се шпекулираше дека зад себе оставила проштално писмо на пет страници.
This experience was a Ticket to Paradise for Julia Roberts. She reveals the hardest drug she’s ever tried here: https://t.co/TsAErs1O04
(📷: Getty) pic.twitter.com/z4orDs9SKO— E! News (@enews) December 9, 2023
Исто така, се шпекулираше дека три од тие страници се посветени на нејзината врска со нејзината сестра, со која наводно не се слушнала со години. Освен неа, Џулија има и брат Ерик, а медиумите објавија дека таа одамна нема зборувано и со него, пишува Нова.
„Џулија и јас отсекогаш сме биле добри. Мислам дека пред неколку години бев на прес-турнеја за филм. Не знам ни кој филм беше. И тоа беше кога штотуку излезе „Pretty Woman“ и ми поставуваа милион прашања за Џулија. И реков: „Еј, извинете. Можеме ли да зборуваме за мене?“ Мислам дека бев многу смешен, но секако тогаш почнаа гласините дека нашата врска не е најдобра. И оттогаш слушам за проблеми со сестра ми кои не постојат“, рече Ерик.