Критиките не ја допираат
Џ.К. Роулинг имаше саркастичен одговор на оние кои планираат да ја бојкотираат претстојната ТВ серија за Хари Потер.
Претстојното телевизиско рестартирање на франшизата беше потврдено од „HBO“ на почетокот на овој месец (12-ти април), а тоа ќе биде првата серија базирана на книгите на легендарната авторка. Како што објави Блумберг, секоја сезона од серијата ќе се базира на една од седумте книги на Роулинг за Хари Потер.
Сепак, додека некои фанови со нетрпение ја очекуваа претстојната серија, други побрзаа да се изјаснат против проектот поради претходните забелешки на авторката насочени кон трансродовата заедница.
Џ. К. Роулинг реагираше на Твитер.
„Ужасни вести, кои се чувствувам должни да ги споделам. Активистите што ги споменувам се обидуваат да организираат уште еден бојкот на мојата работа, овој пат на ТВ серијата за Хари Потер. Како што однапред предупредено е однапред вооружено, преземав мерки за заштита и направив залихи на шампањ“, напиша писателката, а пренесува „NME“.