Тесен струк, прекрасно обликувани бутови и задник и витки нозе се сон за многу дами. Многу жени веруваат дека такви совршени тела може да се видат само во Холивуд.
Но, и познатите дами од светот на шоу-бизнисот користат трикови за да изгледаат што подобро. Згора на тоа, некои од нив тоа воопшто не го кријат.
Најчестиот и најбрзиот трик за визуелно слабеење и подигнување на одредени делови од телото е да користите облека за обликување од еластин и други еластични материјали.
На пазарот има широк асортиман на производи – од чорапи за обликување на телото до гаќички со висок струк кои го намалуваат стомакот до класични корсети.
Таква долна облека користи дури и Џенифер Лопез, која се храни здраво и секојдневно поминува часови во теретана напорно вежбајќи.
Погледнете ја нашата фотогалерија и видете кои познати дами не можат без долна облека за обликување на телото, а кои беа откриени од ветер или мало невнимание.