Половина лимон исцеден во чаша млака вода е корисен напиток по кој нашето тело копнее. Дознајте што може да направи само една чаша вода со лимон на празен стомак и зошто сите треба да ја пиеме.
1. Го зајакнува имунитетот
Лимонот е полн со витамин Ц, кој помага во борбата против вирусите и го зајакнува имунитетот. Содржи и калиум, кој го контролира крвниот притисок и има антиинфламаторно дејство. Совршен е во борбата против астмата и другите респираторни заболувања. Помага железото да се апсорбира во телото.
2. Дејствува како антиоксиданс
Директното внесување на оваа магична течност во желудникот го чисти телото од токсини и на тој начин го спречува создавањето на канцерогени, абнормални клетки во телото и нивниот развој.
3. Ја чисти кожата
Водата со лимон на празен стомак делува како антиоксиданс и го чисти организмот од штетните слободни радикали. Тоа влијае и на состојбата на кожата која секојдневно е изложена на негативни надворешни влијанија. Делува и против бактерии кои предизвикуваат акни, го забавува процесот на стареење на кожата и ја ревитализира кожата.
4. Го подобрува варењето
Лимонската киселина има позитивен ефект врз варењето. Ја спречува појавата на стомачни проблеми и грчеви бидејќи ги балансира киселините во желудникот кои се неопходни за нормално варење. Одличен сојузник е во борбата против надуеност и киселини. Водата со лимон го чисти црниот дроб и делува антисептично, поради што ги „чисти“ цревата од токсините кои се таложат на ѕидовите на цревата.
5. Помага при слабеење
Сокот од лимон содржи пектини, полисахариди кои ја намалуваат желбата за храна. Чаша вода со лимон веднаш по будењето дава чувство на ситост и помага храната побрзо да се разгради.
6. Ги балансира вредностите на PH
Лимонската киселина, како и аскорбинската киселина, кои се наоѓаат во лимонот, го алкализираат нашиот организам, односно крвта и го доведуваат во рамнотежа и на тој начин спречуваат развој на бројни болести.
7. Го подобрува расположението
Витаминот Ц внесен директно во телото, односно на празен стомак, делува како енергетска инјекција која го подобрува расположението, го буди нашето тело и помага во борбата против депресијата, анксиозноста и општо стресот.
8. Ги враќа клетките на кожата
Овој корисен напиток има значително влијание на кожата, а со тоа помага за заздравување на раните и обновување на младата кожа, како и за намалување на видливоста на лузните. Поради своите антивоспалителни својства, овој утрински напиток е одличен борец против инфекции на рани и изгореници.
9. Го освежува здивот
Пиењето вода со лимон на празен стомак ја испира усната шуплина, која е полна со бактерии, причина за лош здив. Исто така, оваа течност помага при забоболка и гингивитис, како и за заздравување на рани и афти во усната шуплина.
10. Делува како диуретик
Лимфниот систем игра важна улога за нашето тело, како и имунитетот што го штити. Чаша вода наутро го хидрира телото и ја враќа течноста изгубена во текот на ноќта.
Дехидрацијата може да предизвика замор, летаргија и намален имунитет, што може да доведе до запек, висок крвен притисок и несоница.
Исто така, водата ги исфрла токсините од телото, ја стимулира работата на бубрезите и производството на ензими важни за нормалното функционирање на црниот дроб.