17-минутниот тренинг на Крис Хемсворт ќе ги зајакне вашите мускули:Ова е тајната на неговиот добар изглед

popara31 октомври, 20231min00
Крис Хемсворт

Тренинг кој секој може да го проба, без разлика дали е почетник.

Крис Хемсворт е еден од познатите заводници на естрадата во Холивуд,а тајната се крие во неговиот завиден изглед.

Сепак,актерот реши да покаже кои вежби се заслужни за неговиот изглед.

Имено,тој во видео на „Јутјуб“ заедно со фитнес тренери покажа вежби за мускули кои траат само 17 минути.Пред тренинг нагласуваат дека вежбите за загревање се многу важни и дека не треба да се прескокнуваат ниту за најкратките тренинзи.Рутината содржи „коло“ со пет вежби.Секоја вежба ќе ја изведувате по 20 секунди,потоа ќе одморите 10 секунди,па ќе продолжите на следната.

По две рунди,се одморате 30 секунди,а потоа почнувате повторно,само што овој пат многу од вежбите се заменуваат со малку попредизвикувачки варијации.

По две рунди од ова,се одморате уште 30 секунди пред да се справите со две рунди од уште едно понапорно коло од уште пет потези.Тогаш тренингот завршува.

Првата вежба е чучњеви и ги прави 20 секунди,како и секоја наредна во првата рунда.

Втората вежба е „планинарење“.Во положбата за склекови,наизменично ги кревате колената до градите.

Третата вежба се состои од скокови,но наназад.

Четвртата вежба се состои од чучњеви и „лазење“ со рацете до положбата на склек и враќање.

Петтата вежба е трчање во место.

Овие вежби треба да се отежнуваат од круг во круг,со зголемување на темпото или нивно комбинирање со други вежби,пишува „Yahoo.com“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag