2 пати кога Ева Лонгорија не воодушеви со едноставни, но ефективни модни комбинации

popara30 јули, 20231min00
eva-longoria-830x0

Ева Лонгорија е некој што ги воодушевува љубителите на модата со своите едноставни модни комбинации каде и да се појави.

Покрај тоа што суверено владее на црвениот тепих, дневните комбинации на Ева не поминуваат незабележано.

За вас одбравме две едноставни и ефективни комбинации на Ева кои лесно можете да ги копирате.

Имено, Ева неодамна се одлучила за прекрасен црвен фустан за вечера во ресторан. Ева знае дека црвената боја одлично ѝ стои, па решила да ги маѓепса сите уште еднаш со фустан во оваа боја.

https://xdn.tf.rs/2022/08/03/eva-longoria-2-830x0.jpg

Црвениот тесен и долг фустан кој одлично ја следи линијата на нејзиното тело одлично и прилегаше на актерката која целиот изглед го заокружи со само неколку модни детали.

Во комбинацијата одлично се вклопија златни алки, прстен и обетки, а свој белег оставија и потпетиците во бакарна боја.

Jacquemus минатиот месец во Париз ја претстави колекцијата пролет/лето 2024. На ревијата очекувано се појавија бројни познати личности, а со својот стајлинг се истакна актерката Ева Лонгорија.

https://xdn.tf.rs/2023/06/27/profimedia-0785510591-830x0.jpg

Омилени на летната сезона секако се предимензионираните одела, а оваа убавица ќе ви покаже како можете да ги носите.

Славната Латина се појави во предимензиониран бел костум, кој го комплетираше со познатата чанта „Jacquemus“.

На нозете имаше бели потпетици со голема платформа, што е одличен избор, бидејќи Ева е ниска, а на овој начин ја издолжи фигурата.

Ева ја собра косата во неуредна пунџа, а ефективната шминка го комплетираше целиот изглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag