За време на топлите летни денови, речиси сите имаме навика да пиеме разладени пијалоци и вода. Меѓутоа, често се случува да потрошиме изладен пијалок за кратко време и да заборавиме да ставиме во фрижидер нова тура сокови, вода и/или пиво.
Ако ви се случи ова, постојат два едноставни трикови за лесно и брзо разладување на пијалоците.
1. Салфетки
Намокрете големио салфетки, завиткајте го шишето или конзервата со нив и ставете ги во замрзнувач дваесетина минути. Влажната хартија ќе помогне пијалокот да се олади побрзо.
Доколку на овој начин сте го изладиле напитокот во поголемо шише, слободно оставете ја хартијата завиткана околу шишето и кога ќе ја извадите од замрзнувачот – уште малку ќе ја „држи“ температурата.
2. Сол
Истурете ладна вода во сад, додадете коцки мраз и една лажица сол. Ставете ја конзервата или шишето во овој раствор и мешајте неколку минути.
Потоа извадете го шишето или конзервата од садот со вода, мраз и сол и уживајте во изладениот пијалок.