Откако до неодамна водеше бурен случај за развод со сопругата Кристин,актерот беше поврзан дека е во врска со помлада колешка.
Американскиот актер Кевин Костнер (68) неодамна помина низ бурен развод од сопругата Кристин Баумгартнер со која има три деца, а сега се шпекулира дека повторно е среќно заљубен.
На социјалните мрежи се појави тврдење дека е во врска со колешката Риз Витерспун(47),која исто така неодамна се разведе,а веднаш се огласи нејзиниот претставник за медиуми.
– Оваа приказна е целосно измислена и не е вистинита – вели преставникот на Риз Витерспун за People.
Озборувањата пристигнаа од водителот на подкастот “Naughty but Nice”,Роб Шатер,кој ги праша следбениците на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) што мислат за Рис и Кевин како пар.
Гласината веднаш се прошири на мрежите и многумина се изненадија,а актерката побрза да ја демантира врската со 21 година постар колега.
Ова не е прв пат нејзиниот ПР да се огласи за љубовниот живот на Рис по нејзиниот развод со Џим Рот.Оттогаш таа е поврзана со спортистот Том Брејди,па нивните претставници на медиумите ги демантираат озборувањата.
Во март Рис објави дека се разведува од сопругот и официјално поднесе барање за развод,а потоа во август постигнаа договор на суд.
View this post on Instagram
-Со големо внимание и после долго размислување донесовме тешка одлука да се разведеме – наведе парот во официјалното соопштение. – Уживавме во толку прекрасни години заедно и продолжуваме понатаму со многу љубов,нежност и взаемна почит кон сето она што го создадовме заедно.
Рис и Џим заедно го имаат синот Тенеси (11), додека актерката од бракот со Рајан Филип ги има ќерката Ава (24) и синот Дикон (20).