Специјалистот по дерматологија, Ема Колман истакнува дека користењето премногу топла вода е една од важните причини зошто би можеле да имате проблем со вашето лице.
Значи, се исопоставило дека сите погрешно го миеме лицето.
Тоа е нешто што повеќето од нас го прават секој ден, па затоа е малку шокантно што експертите тврдат дека цело време сме правеле повеќе штета отколку корист.
Ема Колман, медицинска сестра специјалист по дерматологија и естетика, ги откри вообичаените грешки што луѓето ги прават кога станува збор за нивната кожа:
- Нечистотија
Мислам дека сите можеме да се согласиме дека една од најлошите работи што можете да ги направите на вашето лице е да користите валкан пешкир за лице.
– Ако оставите пешкирот да виси во бањата со денови меѓу употребите, тоа создава почва за бактерии – предупредува Ема.
Таа ги повикува луѓето да ги мијат пешкирите во машина за перење по секои две употреби.
- Контрола на температурата
– Користењето премногу топла вода го поттикнува пукањето на вените и може да предизвика акни и розацеа – објаснува медицинската сестра.
За време на употребата на ладна вода може да се појави сувост.
– Наместо тоа, одлучете се за млака вода – вели таа.
- Јачина на миењето
Миењето на лицето понекогаш може малку да боли.
– Триењето на лицето може да предизвика иритација и да ја наруши фината рамнотежа на бактериите на површината на кожата – објаснува Ема и додава:
– Измијте се со млака вода, а ако користите пешкир, применете лесни кружни движења, наместо да ја влечете кожата – додава таа.