Колку и да се грижите за каучот, со текот на времето ќе се извалка – од употреба, од дамки предизвикани од потење и седење.
Можеби мислите дека нема решение, и дека во одреден момент ќе мора да го однесете на хемиско чистење.
Но, пред тоа, пробајте го овој едноставен трик.
Состојки:
1250 ml три проценти хидроген
3 големи лажици сода бикарбона
неколку капки течен сапун или детергент за миење садови
Постапка:
Прво измешајте хидроген и сода бикарбона, а кога ќе добиете изедначена смеса, истурете до две капки течен сапун или детергент за садови.
Сето тоа добро измешајте го, па истурете го во шише со распрскувач.
Испрскајте на душекот – ќе се појави пена. Почекајте површината да се исуши, а потоа исчеткајте го душекот со сува четка или исчистете го со правосмукалка, пишува Телеграф.