3 НАЧИНИ МИРНО ДА ЈА ЗАВРШИТЕ КАВГАТА! Вака ќе излезете од секој КОНФЛИКТ

popara22 јуни, 20231min00
656939_svadja_f

Кога ќе влезете во расправија со некого, важно е да останете смирени и присебни, па наместо да викате, работите да ги решавате со разговор.

Дали некогаш сте се скарале со друга личност и работите едноставно излегле од контрола? Во афект кажувате нешто што не го мислите и на крајот и вие и другиот останувате со грутка во грлото, а најчесто не сте го ни решиле проблемот.

За да избегнете таков исход, важно е да можете да ги контролирате вашите реакции и емоции во такви ситуации.

Во тоа ќе ви помогнат советите на психотерапевтката Ана, која предлага тогаш да примените некоја од следните 3 работи:

  1. Имам впечаток дека ни е тешко да се разбереме.
  2. Можеби е подобро да разговараме кога двајцата ќе се смириме. Не сакам да кажам нешто што не го мислам, затоа што сега сум вознемирен/а (изнервиран/а).
  3. Повторете го она што сте го слушнале од соговорникот. Можеби слушате дека тој всушност не го кажал тоа, туку вие сте си го превеле на својот речник (како што вие го разбирате, што може да се разликува од кажаното).

– Доколку дојде до конфликт и сте биле жестоки во него, обидете се кога „страстите ќе стивнат“, да кажете извини ако сте викале, сте кажале нешто што не сте го мислеле, прокоментирајте како се чувствувавте тогаш. Враќањето на конфликтот е важно, бидејќи добивате можност да разговарате поискрено, отворено. Понекогаш има помала тензија во воздухот, па подобро се разбирате – вели Ана и додава:

– Во обновувањето на разговорот можете да влезете со „Знаеш, нешто ме мачи, би сакал/а да зборуваме за тоа…“ Доколку пак ескалира, искористете го претходното искуство (те молам, подобро е да застанеме овде, изгледа дека сега не се разбираме… ) – заклучува таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma