3 причини заради кои користење на БОТОКС И ФИЛЕР во МЛАДОСТА може да биде ризично

popara24 март, 20231min00
shutterstock1095921557-830x0

До пред неколку години, зголемувањето на усните со филери се сметаше за табу тема.

Во денешно време, ако не сте направиле ботокс инјекции или филери на усните, сигурно е дека познавате барем некој што има.

Иако овој вид на разубавување стана вообичаен, медицинските експерти не советуваат употреба на ботокс и филери доколку сте помлади од 30 години. Луиз Волш, медицинска сестра од Лондон, ги открила причините поради кои не се согласува да прави ваков тип на интервенција на лица помлади од 30 години.

1. Збрчкани усни

Годините најпрво се видливи на делот од лицето околу усните, бидејќи кожата во таа регија е склона кон брчки.

– Ако инјектирате дермален филер додека сте уште млади, може да го забрзате процесот на стареење – предупредува Волш.

Повтореното ставање на филери во усните може да предизвика кожата да ја изгуби својата природна еластичност, бидејќи филерите може да иницираат истегнување на кожата со текот на времето.

Луиз дава пример дека кожата може да се истегне кога ќе се здебелите. Ако ослабете, кожата малку ќе се опушти и повеќе нема да биде мазна како порано.

– Истото може да се случи и со вашите усни. Не сакам да им вбризгувам филери кај младите, бидејќи како што ќе стареат, тие дефинитивно ќе мора да се соочат со проблемот со брчките околу усните, па ќе имаат двоен проблем – вели Луиз.

2. „Отпорност“ на ботокс

– Ако инјектирате ботокс во рани години, може да се случи со текот на времето да откриете дека станува помалку ефикасен – предупредува Луиз и додава:

– Ако ботоксот почнавте да го користите во раните дваесетти години и тој делувал 10 години, во четириесеттите и педесеттите, кога навистина ви е потребен, можеби нема да биде толку ефикасен. Иако не е сигурно дека тоа ќе се случи, во индустријата за убавина има бројни полемики на оваа тема.

3. Телесна дисморфија

Не е само кожата на младите луѓе која е изложена на ризик од инјекции на ботокс и филер; Луиз се плаши и за менталното здравје на луѓето кои со децении ги користат овие видови на производи за убавина и подмладување.

– Младите можеби мислат дека пополнетите усни или ботокс ќе ги израдуваат и упорно ќе додаваат филери, верувајќи дека така ќе бидат совршени и среќни. Но, многу често тоа не е она што ќе ги израдува – предупредува Луиз.

Телесната дисморфија е состојба на ментално здравје во која едно лице поминува многу време грижејќи се за недостатоците на својот изглед, особено на лицето. Овие недостатоци за другите често остануваат незабележани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma