3 причини зошто треба почесто да јадеме сливи

popara11 август, 20231min00
493032_plums-1898196-1920_m

Иако сливите се користат во готвењето уште од дамнина, тие често неоправдано се сметаат за премногу обично овошје. А сливата е суперовошје!

Постојат три главни причини зошто треба што почесто да го консумираме ова овошје.

  1. Изобилува со витамини

Сливите се богати со витамин Ц, а содржат и значителни количини на витамини од групата Б, како и витамини Е и К. Изобилството на витамин А често се споменува бидејќи сливите се богати со бета каротен, кој се претвора во витамин А во организмот по потреба.

  1. Го стимулираат варењето

Познато е дека сливите го стимулираат варењето и помагаат при запек бидејќи се богати со влакна, кои исто така го регулираат нивото на холестерол во крвта.

  1. Ризница на антиоксиданси

Сливите се вистинска ризница на антиоксиданси кои ги штитат клетките на телото од оштетување (а со тоа и од канцерогени промени), па делуваат антиинфламаторно.

Некои студии покажале дека само една слива содржи иста количина на антиоксиданси како грст боровинки.

Меѓу антиоксидансите кои се наоѓаат во сливите се растителниот пигмент антоцијанин (кој на сливите им дава црвена и сино-виолетова боја), како и кверцетинот и катехинот кои припаѓаат на групата флавоноиди. Катехинот е моќен антиоксиданс, кој го има и во зелениот чај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma