3 ПРОМЕНИ КОИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ВАШЕТО ТЕЛО КОГА ЌЕ ГО ИСФРЛИТЕ БЕЛОТО БРАШНО! Без леб сте полесни и поживи

popara23 мај, 20231min00
637312_testo_f

Лебот, и тоа оној од бело брашно е омилена храна за многу луѓе, без која не можат да замислат оброк. Но токму таа намирница, убава на око и мека на допир, која те искушува да јадеш што повеќе, е штетна и за здравјето и за линијата.

Доколку сè уште не сте пробале, искористете ја оваа пролет и исфрлете го од употреба лебот од бело брашно. Ќе бидете задоволни од промените, велат нутриционистите, а ова се трите најважни.

  1. Брзо ќе изгубите неколку килограми

Наглото исфрлање на храната богата со јаглехидрати, како што е лебот од бело брашно, на телото се забележува многу брзо, во вид на слабеење. За десет дена рестрикции на белото брашно се губат и до два – три килограми тежина, но не се работи за моментално слабеење, туку за губење на водата што се акумулира во организмот.

Имено, телото ги складира јаглехидратите во форма на гликоген, млечна киселина која ја собира водата. Секој грам јаглехидрати задржан во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе вода од неговата тежина.

  1. Нема да бидете постојано гладни

Преработените јаглехидрати од белиот леб во организмот предизвикуваат ненадеен скок на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо опаѓа. Овие луди промени испраќаат нејасни сигнали до мозокот кои ја зголемуваат гладта и желбата за храна, предизвикувајќи да се дебелееме.

Кога ќе почнете да користите производи од цело зрно наместо леб од бело брашно, нема да имате такви осцилации со нивото на шеќер и што е најважно, нема да имате постојана потреба од храна.

  1. Енергијата расте и варењето е подобро

За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот леб не содржи влакна, кои се неопходни за нормално функционирање на цревата и варењето, па оние кои не можат да живеат без него во исхраната често имаат проблеми со органите за варење. Доколку успеете да го исфрлите од навиките во исхраната барем еден месец, ќе забележите дека метаболизмот ќе ви се забрза.

Јаглехидратите се храна и гориво за мозокот, а доколку се квалитетни, мозокот работи нормално, без пореметувања. Лебот од бело брашно, од кој со преработка се отстранети сите хранливи материи, витамини, минерали и целулоза, содржи празни калории кои не го хранат мозокот и затоа телото е слабо и уморно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma