Знаете ли што е неопходно за една врска да успее, да трае и да ве направи среќна?
Во прилог ви ги претставуваме важните ставки без кои партнерот не може да биде задоволен и исполнет. Бидете без грижа се се сведува само на три нешта:
- Почитување
- Признание
- Страст
Се прашувате како може целиот свет на еден маж да се состои од само овие три нешта?
Да започнеме од првите две: почитување и признание.
Мажите се многу чувствителни на своето его, суета и секогаш сакаат да ги фалите.
Во нивната природа е постојано да имаат потреба од пофалба за сите добри дела кои ќе ги направат и затоа очекуваат да го цените и почитувате нивниот труд.
Тие сакаат да се чувствуваат важно, па затоа ако сакате да го направите својот маж среќен оставете впечаток дека ви е потребна негова заштита.
Што е со страста?
Љубовта е тесно поврзана со сексот и затоа добрата врска мора да биде пропратена со добар секс.
Желбата за допир и блискост е основна потреба на човекот. На вашиот партнер му е важно да знае дека и вие чувствувате привлечност и страст.
Најголем проблем во разбирањето на мажите е што ние жените нивните постапки ги интерпретираме на сопствен начин и ги комплицираме и преувеличуваме.
Бидете кратка, јасна и гласна без премногу зборови и не заборавајте почит, признание и страст се неопходни ако сакате тој да ве обожава.