3 состојки, без квасец, јајца, млеко… Најмеките кифлички готови во неколку потега

popara3 декември, 20231min00
376642_mekedomacekifliceshutterstock-1370518319_ff

Едноставно, за кифличките нема замена кога станува збор за домашните печива – тие се практични, заситувачки и одлично решение како брз појадок или вечера, ужина што ќе ја спакувате за на работа или послужени за празнична вечера.

Бидејќи се многу сакани, постојат многу рецепти за меки кифлички кои остануваат свежи со денови, а еден што мора да го пробаат сите љубители на тесто е верзијата без квасец или прашок за пециво.

Станува збор за рецепт за кифлички во кои покрај брашно се користат само „омекнувачи“ односно маргарин и павлака и се подготвува многу едноставно. Ако сакате, можете да додадете сусам, да премачкате со јајца и слично, но и да не сакате, ќе го добиете пецивото од соништата.

Состојки:

400 гр брашно
200 гр кисела павлака
250 гр маргарин

Подготовка

Маргаринот се вади да отстои на собна температура, па по најмалку два часа измешајте го со павлаката.
Потоа постепено се меша со брашно, месејќи цело време, додека не се добие меко и фино тесто.
Од тестото направете топче, покријте го со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер најмногу два часа.
Префрлете го на набрашнета површина, па топката од тестото исечете ја на два дела.
Едната половина расукајте ја со сукало во круг, па исечете ја на триаголници, а потоа повторете го истото со другата половина од топката.
Се филува по желба со сладок или солен фил (иако и празните се многу сочни) и се витка во кифлички.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma