3 стилски формули за есен на Хејли Бибер: Моден водич за деновите кога не знаете што да облечете

popara25 септември, 20231min00
o_30542667_1280

Промената на годишните времиња е возбудлива од различни причини. Можеби за многумина есента значи враќање во градот, многу обврски, крај на одморот и дожд, може да биде многу повеќе од тоа. Можностите за модни комбинации се бескрајни, а Хејли Бибер, пионерката на минималистичкиот стил, ги постави темелите за создавање кул есенски комбинации.

Нејзиниот стил се состои од парчиња кои се „capsule-friendly“ – јакни, мини здолништа, маици, широки панталони – кои повеќето луѓе ги имаат во своите плакари во некоја верзија. Без разлика дали сте во брзање, на состанок, излегувате на вечера, работа или кафе, Хејли може да ви послужи како инспирација. Нејзините три клучни есенски формули ќе ви помогнат во моментите кога не знаете што да облечете.

Голема јакна – мало здолниште

Преголема јакна и мини здолниште се нејзината класична есенска комбинација. Долго волнено палто и летно здолниште се идеална комбинација за оние денови кога е малку постудено, но едноставно не сте подготвени да се откажете од мини здолништата. Доколку волненото палто не е ваш избор, мини здолништето можете да го комбинирате со предимензионирана моторциклистичка јакна за малку по „edgy изглед“.

image

image

Мала маица и панталони

Можете да ја рекреирате нејзината естетика „модел надвор од пистата“ со кратка маица и опуштени широки панталони. Нешто поедноставните комбинации Хејли ги комплетира со клучните модни додатоци – ситни очила за сонце, минималистички златен накит и мала чанта. Во тие постудени денови за топлина се свртува кон кожени јакни и сакоа, повторно предимензионирани.

image

Цела во црно со бели чорапи

За наједноставните, монохроматски комбинации таа се насочува кон црно, во кое сите изгледаат „кул“. Не е важно дали со кафе ќе оди на некој настан или на прошетка низ градот, таа ги „зачинува“ своите монохроматски комбинации со високи бели чорапи собрани околу глуждовите и мокасини. Кога сака да изгледа уредно, црната комбинација ќе ја комплетира со сако, а за удобни комбинации избира црна јакна и велосипедски хеланки.

image

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag