Класичниот избор на палети на бои за претстојната есен 2023 година ќе ги трансформира вашите аутфити во трендовски стајлинзи кои изгледаат луксузно.
Наједноставниот начин да го направите вашето модно издание да изгледа што поубаво и луксузно е да изберете бои,а некои од оние кои ќе ги наведеме како тренд за претстојната есен,сигурно веќе ги имате во вашите плакари.На прагот на есента,ова е совршен момент за повторно средување на облеката во вашата гардероба.Честопати, преуредувањето и повторното запознавање на вашата облека со нив е првиот чекор кон усовршување на вашата есенска естетика за новата сезона.
Значи, ова се 3-те најлуксузни бои кои ќе бидат во тренд за есента 2023 година.
1. Тегет
Големи се шансите доколку сте љубител на неутралната палета на бои,веројатно веќе имате парчиња облека во морнарска нијанса. Оваа класична нијанса всушност ќе биде еден од трендовите за есен, искористете ја!
View this post on Instagram
2. Кафена боја
Љубителите на модата веќе го прифатија раскошот што го носат нијансите на кафена боја – безвременска нијанса која одлично се вклопува во есенското опкружување, давајќи топол и полиран шмек на секој стајлинг.
View this post on Instagram
3. Бордо
Длабоката нијанса на бордо е една од полуксузните бои што можете да ги носите оваа есен. Размислете за блејзер или панталони во бордо боја – ќе ви го олесни составувањето на секојдневните комбинации.
View this post on Instagram