4 додатоци во кафето кои можат да помогнат за слабеење: Познатиот вкус на нов начин

popara2 декември, 20231min00
shutterstock1404436607-830x0 (1)

Со овие студени денови помалку се движиме, а и помалку тренираме, па бараме полесен начин да се ослободиме од вишокот килограми, најчесто преку разни пијалоци. За многу луѓе кафето е еден од омилените пијалоци без кое не можат да ги отворат очите кога ќе станат, а ако само додадете некои состојки во него, тоа може да ви помогне да изгубите тежина.

Имено, иако кафето содржи кофеин, кој не се препорачува во големи количини, помалата шолја нема да биде голем проблем, особено кога ќе додадете некои од овие состојки.

Лимон

Додека лимонот најмногу се додава во чајот, не е на одмет да го додадете и во кафето.

– Лимонот е позната детоксикативна состојка која може да го зајакне вашиот имунолошки систем и да ги намали срцевите заболувања. Богат е со витамин Ц, кој ги помага природните процеси на согорување на мастите во телото, додека кафето може да го стимулира кафеното масно ткиво, кое игра клучна улога во тоа колку брзо можеме да ги согориме калориите како енергија – велат експертите, пишува „Експрес“.

Цимет

Овој зачин има мирисна и топла слатка арома, но има и потенцијални здравствени придобивки.

– Циметот содржи антиоксиданси, антиинфламаторни својства и дури може да помогне во стабилизирање на шеќерот во крвта. Посипете малку врз кафето или промешајте за целосно ароматично искуство – советуваат експертите.

Кардамон

Овој азиски зачин ќе му додаде посебен и егзотичен вкус на кафето.

– Поврзан е со различни здравствени придобивки, вклучително и подобрување на варењето и метаболизмот. Скршете неколку мешунки од кардамон и сварете ги со кафе – велат експертите.

Кокос

Малку кокосово масло во кафето може да обезбеди кремаста текстура и суптилен тропски вкус.

– Кокосот е познат по своите „термогени“ својства кои можат да помогнат во согорувањето на мастите – велат експертите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag