Користењето засладувачи и прекумерното вежбање се само некои од работите кои всушност можат да ви одмогнат кога станува збор за слабеење.
Кога станува збор за исхраната, многу луѓе се под заблуда дека одредени работи што ги прават всушност придонесуваат за нивното здравје.
Сепак, нутриционистката Наташа Ѓукиќ сподели 4 работи кои многу луѓе ги применуваат секој ден, сметајќи дека се корисни, но всушност на крајот доведуваат до дебелеење:
Засладувачи
Научниците од Општата болница во Масачусетс велат дека вештачките засладувачи го зголемуваат ризикот од зголемување на телесната тежина – овој вештачки шеќер го разградува фенилаланинот, нарушувајќи го метаболизмот и зголемувајќи го ризикот од накачување на телесната тежина со текот на времето.
Постојано вежбање
Кортизолот доведува до различни хормонални промени. Влијае на тироидната жлезда, што значи дека е многу тешко да се согоруваат мастите кога нивото на кортизол е високо.
Готов „здрав“ ручек
Купувањето салата или смути на паузата за ручек можеби изгледа како добра опција, но не е секогаш така. Често купените „здрави“ оброци не се толку здрави и содржат скриени, лоши состојки.
Премногу сон
Спиењето повеќе од осум часа навечер може да доведе до маснотии на стомакот, барем според една нова студија.