4 МИНУТИ ЗА ТОП ТЕЛО! Изгубете ги вишокот килограми и зајакнете ги мускулите

popara12 мај, 20231min00
640799_veybanje_f

Ако секој ден одвојувате четири минути за вежбање, ќе бидете во топ форма додека да стигнете на плажа!

Не мора да трошите пари и време за да одите во теретана, туку пробајте го методот за брзо слабеење дома, развиен од познатиот американски фитнес тренер Џим Сајрет.

Планот на овие вежби тренерот специјално го дизајнирал за луѓе кои поминуваат многу време седејќи, а во теретана се уморуваат по неколку минути од почетокот на тренингот. Погледнете кои вежби можете да ги користите за да согорите до 600 калории.

Скокови

Тоа се скокови со раширени раце и нозе. Скокнете, а во истиот момент раширете ги нозете и рацете и додека „паѓате“ соберете ги рацете и нозете. Десет повторувања се сосема доволни.

Длабоки клекнувања

Застанете со стапалата на ширина на рамената. Испружете ги рацете пред вас, на ниво на очите, а потоа направете длабоко клекнување. Внимавајте да не ги напрегате колената при клекнувањето, бидејќи целата работа треба да ја завршат нозете и задникот, додека колената треба да бидат мирни. Направете десет повторувања.

Склекови

Многумина оваа вежба ја нарекуваат вежба за сила. Идеална е за зајакнување на мускулите на целото тело, особено на рацете. Ако можете, направете десет склекови. Ако стандардните ви се премногу тешки, направете ги на ѕид наместо на под.

Исчекор напред

Исчекорете напред со левата нога и клекнете надесно, а потоа обратно. Направете десет повторувања за секоја нога. Можете да држите тегови во рацете. Со оваа вежба ги затегнувате мускулите на нозете и задникот.