4 НАЈЛОШИ ПИЈАЛОЦИ ЗА ВИСОК ПРИТИСОК! Време е да престанете да ги консумирате

popara24 март, 20231min00
206417_pritisak_f

Високиот крвен притисок се смета за „тивок убиец“ бидејќи болеста на почетокот не предизвикува никакви здравствени проблеми.

Многу луѓе имаат проблем со висок крвен притисок, познат и како хипертензија. Оваа болест се смета за „тивок убиец“, бидејќи заболените на почетокот немаат апсолутно никакви здравствени проблеми и често ја откриваат само кога ќе се појават видливи здравствени компликации.

Доколку имате проблем со висок крвен притисок, мора да внимавате на исхраната, но освен тоа важно е и какви пијалоци консумирате. Овие неколку дефинитивно треба да ги избегнувате.

Кафе

Прво на листата е кафето, бидејќи тоа е пијалок што многу луѓе го пијат секој ден. Сепак, премногу кафе може да има негативно влијание врз здравјето и хипертензијата. Општо земено, пијалоците со кофеин, вклучувајќи чај, кафе и енергетски пијалоци, можат да го зголемат крвниот притисок.

Алкохол

Луѓето со висок крвен притисок исто така треба да избегнуваат алкохол. Клиниката Мајо наведува дека повеќе од три алкохолни пијалоци дневно може да го подигнат крвниот притисок. Според истражувањата, консумирањето на седум или 13 алкохолни пијалоци неделно е поврзано со зголемен крвен притисок.

Енергетски пијалоци

Енергетските пијалоци воопшто можат лошо да влијаат на здравјето, но и да ги зголемат шансите за развој на хипертензија. Еден од виновниците за ова е кофеинот кој се наоѓа во нив.

Засладени, газирани пијалоци

Нутриционистите велат дека засладените или газирани пијалоци се полни со додаден шеќер, па можат негативно да влијаат на крвниот притисок. Доколку имате проблем со висок крвен притисок, избегнувајте да ги консумирате сите газирани и ледени пијалоци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma