4 придобивки од ананасот: Вкусно овошје полно со витамин Ц

popara1 јануари, 20231min00
pexels-yaroslav-shuraev-8845429-830x0

Силниот имунитет е секогаш приоритет, а ананасот е одличен сојузник на здравјето

Ананасот е освежително и вкусно овошје, но малкумина знаат колку всушност е здрав. Ова тропско овошје може да се јаде свежо или замрзнато, а богато е со витамини, минерали, влакна, вода и антиоксиданси.

Покрај тоа што е вкусно, ова тропско овошје носи придобивки и за нашето здравје, а ова се само некои од нив:

  1. Одличен е за варењето

Една од најпознатите придобивки на ананасот е неговата способност да го стимулира варењето. Ананасот содржи ензим наречен бромелаин, кој е гастроинтестинално чудо.

– Растителните влакна и бромелаинот кои се наоѓаат во ананасот работат заедно за да го промовираат здравото функционирање на дигестивниот систем – вели диететичарката Ејми Шапиро, а пренесува „Eatthis“.

Потоа додава дека влакната помагаат да се започне варењето, додека бромелаинот може да помогне да се намали секое воспаление во слузницата на желудникот.

  1. Го зголемува нивото на серотонин

Редовното јадење ананас може да го подобри вашето расположение бидејќи содржи триптофан, кој се користи за производство на серотонин. Нивоата на серотонин, особено кога се премногу ниски, играат улога во многу нарушувања на менталното здравје, вклучувајќи депресија и анксиозност.

  1. Го поддржува здравјето на коските и зглобовите

Сировиот ананас е богат со манган. Овој минерал може да помогне да се спречи губење на коскената маса кај пациенти со остеопороза. Дополнително, манганот може да ја намали болката кај пациенти со остеоартритис кога се комбинира со други додатоци.

  1. Го зајакнува имунолошкиот систем

– Ананасот ги задоволува вашите дневни потреби за витамин Ц. Една чаша исечен ананас обезбедува 131 отсто од вашите потреби – вели Шапиро.

Витаминот Ц ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем и исто така може да му помогне на телото да произведува колаген. Колагенот е протеин одговорен за здравјето и еластичноста на вашата кожа, зглобови и мускули. Ананасот содржи и големи количини на антиоксиданси познати како флавоноиди. Овие соединенија се поврзани со намалување на влијанието на неколку хронични здравствени состојби, од астма до срцеви заболувања.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma