4 ПРИРОДНИ ТРЕТМАНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОРИТЕ: Лицето веднаш ќе ви заблеска!

popara31 мај, 20231min00
698549_maska_f (1)

Маска направена од домати, сода бикарбона и уште неколку други ќе биде ваш одличен сојузник во намалувањето на порите.
Како резултат на разни оштетувања на кожата, како што се УВ зраците, намалување на колагенот или како резултат на истиснување на митесери и мозолчиња, може да дојде до појава на зголемени пори.

За да се намали видливоста на порите, експертите предлагаат редовно чистење на лицето, но и примена на пилинг и природни третмани.

Не е неопходно секогаш да одите во козметички салон, имајќи предвид дека соодветната нега можете да ја примените и дома.

Сода

Нанесете сода бикарбона на влажно лице и измасирајте ја. По околу 10 минути исплакнете со топла вода, а постапката можете да ја применувате еднаш неделно.

Маска од домати

Еднаш или двапати неделно изблендирајте домати, а потоа нанесете ги на лицето и држете 20 минути до половина час. После тоа исплакнете со млака вода и готово.

Ледени коцки

Добро познат совет е да го масирате лицето со коцки мраз. Само погрижете се да не го држите мразот премногу долго, за да не ја оштетите кожата.

Сок од портокал и белки од јајца

Најдобро би било да исцедите портокал, а доколку немате послужете се и со сок од продавница. Потоа се меша со две белки и се нанесува на лицето. Откако ќе се исуши, само исплакнете со млака вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag