Посилниот пол сака кога ќе му дозволите да ве гледа, а уште ако му забраните да ве допре за време на малата претстава, ќе го доведете неговото сексуално возбудување до максимум…
Мажите често истакнуваат дека се многу едноставни суштества, особено кога е сексот во прашање, додека жените се комплицираните. Тоа може да биде точно, ако и се верува на анкетата на порталот на американското издание на магазинот Космополитен.
Момците направиле листа на работи што ги сакаат во кревет, а на неа имало само неколку, па админите многу лесно ги извлекле 4-те најчести одговори:
Валкани разговори
Мажите открија дека во никој случај не е потребно многу да се зборува за се што се случува, но ги уверуваат жените дека неколку едноставни зборови можат многу да направат за нивното сексуално расположение.
Исто така, тие се подготвени да ја почитуваат границата што ќе ја постави партнерката, никогаш нема да ве принудат да го правите она што не сакате. Како мал поттик откриле и дека најмногу се палат кога жената за време на сексот ќе каже нешто како „Продолжи така“, „Појако“, „Ова е навистина добро“ и слично.
Преземање контрола
Има нешто многу секси кај жена која знае како да ја преземе контролата, а тоа не мора да биде ништо комплицирано. Иницирањето секс, врзувањето, кажувањето каде и како да ве бакнуваат и што да прават е многу возбудливо за нив, затоа бидете имагинативни со вашите команди!
Изненадувања
Она што мажите го сакаат во кревет е тоа што жените одвреме навреме ги изненадуваат со нова поза, играчка или необично место.
“Погрижете се да откриете што ни се допаѓа и да излезете од вашата комфорна зона. Моментите кога не можете да се контролирате и само не посакувате што е можно поскоро ни се бесценети” – откриле испитаниците.
Гледање
Мажите не го кријат фактот дека се визуелни типови, па ги пали кога жените ќе им обезбедат добар поглед на акцијата, во која спаѓа и соло акцијата. Дури и се друго да им биде забрането за тоа време, ќе ги излудите!