4 работи што мажите треба да избегнуваат да ги прават на Денот на вљубените

popara11 февруари, 20231min00
handsome-man-attractive-woman-looking-box-with-gift-red-roses-830x0

Еден ден во годината резервиран за заљубените често им создава потешкотии на мажите

Денот на вљубените доаѓа наскоро, што значи дека е време да ја покажете вашата љубов на партнерот на најромантичен и посебен начин. Сепак, многу мажи се во дилема за тоа што да и купат на својата поубава половина за овој ден.

Според статистиката на „Google“, во последните неколку години се повеќе мажи пребаруваат кога е Денот на вљубените.

Како што вели „Yourtango“, заборавањето на датумот е првата грешка што треба да се избегне, а има уште неколку работи што не треба да ги правите тој ден.

  1. Давање честитка

Со подарување на готова честитка, испраќате порака дека вашата љубов е слична на љубовта на сите други, но и дека сте купиле нешто на поминување. Повеќе од 75 проценти од жените велат дека не сакаат ништо повеќе од искрено љубовно писмо на тој ден.

– Што вели подобро „Те сакам“: кутија со слатки или рачно напишана белешка дека повторно би го направиле тоа – прашува д-р Тери Орбух, психолог за односи, и ве советува сами да и напишете писмо на партнерката.

  1. Подарување плишана играчка

Според истражувањето на „ShopRunner“, плишаните играчки се најлошиот подарок за Денот на вљубените што многу жени некогаш го добиле.

Наместо плишана играчка, на вашата поубава половина купете и ја омилената книга и скапа долна облека, бидејќи тоа сигурно ќе ја воодушеви.

  1. Очекување од девојката да го испланира денот

Иако е вообичаена практика жените да им купуваат подароци на своите партнери, не дозволувајте таа да биде таа која ќе го испланира целиот ден. Можете да најдете компромис, но би било подобро да учествувате и да покажете иницијатива тој ден.

  1. Испраќање честитка по пат на порака

Едно истражување покажало дека жените се разочарале од СМС пораките, бидејќи сметаат дека трудот е минимален и дека избегнува јавно изразување на љубов. Обидете се да напишете барем кратка порака на хартија, бидејќи таа е секако подобра од електронска порака.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag