Во споредба со другите јаткасти плодови, оревот се смета за најздрав
Домаќинките од нашиот крај често користат ореви во кујната за да им дадат посебна нота на вкус на колачите и тортите. Сепак, многумина забораваат колку всушност е здрав овој плод.
Иако сите јаткасти плодови се сметаат за исклучително здрави кога се консумираат во умерени количини, оревите се сметаат за особено здрави поради нивниот состав и комбинацијата на масни киселини.
Тие се подобри од повеќето други јаткасти плодови, дури и од бадемите, бидејќи се богати со полинезаситени масти, витамини и минерали како што се калиум, железо, цинк и магнезиум.
Со оглед на тоа колку се здрави, за вас издвоивме топ пет придобивки од оревите.
- Го штитат здравјето на мозокот
Постојат повеќе истражувања кои докажуваат дека оревите се одлични за функцијата на мозокот. Хранливите материи кои се наоѓаат во јаткастите плодови може да играат важна улога во спречувањето на оксидативното оштетување и воспаленијата во мозокот.
Некои студии на возрасни ја покажаа улогата на оревите во подобрувањето на нивната мозочна функција, вклучувајќи подобрување на меморијата, брзината на обработка и севкупната ментална флексибилност.
И покрај сите овие потврди, потребни се повеќе студии за придобивките од оревите врз човечкиот мозок.
- Одлични се за подобро варење
Оревите се богати со растителни влакна. Затоа, помагаат во чистењето на цревата и во детоксикацијата на телото. Нездравата микробиота може да доведе до воспаление во цревата, што може да го зголеми ризикот од дебелина, рак и други хронични болести, а оревите се добар начин да се спречи тоа.
- Го промовираат здравјето на коските
Оревите помагаат за зголемена апсорпција на калциум во организмот. Тие исто така ја намалуваат екскрецијата на калциум за време на метаболичките процеси.
- Го чуваат срцето
Оревите се богати со мононезаситени масни киселини како што се алфа-линоленска киселина и линоленска киселина. Тие промовираат здраво снабдување со липиди. Се намалува лошиот холестерол и се зголемува нивото на добриот холестерол. Корисни се и за намалување на високиот крвен притисок.
- Ја опоравуваат кожата
Слободните радикали предизвикуваат најголема штета на телото. Тие се одговорни и за создавање на брчки на кожата и поради нив, доколку не ја негуваме, кожата станува сува. Оревите помагаат во борбата против овие слободни радикали, пишува „Pharmeasy“.