5 импресивни здравствени придобивки од циметот

popara5 март, 20231min00
676 (2)

Циметот одамна е повеќе од само миризлив зачин кој го користиме во нашите омилени десерти…

Модерната наука ја препозна важноста на циметот и почна да ја поддржува идејата дека овој зачин има повеќе придобивки за нашето здравје отколку неговиот добар вкус… Дознаваме за што се работи:

  1. Може да спречи рак на дебелото црево

Соединението кое му дава боја и вкус на циметот (цинамалдехид) може да го спречи развојот на рак на дебелото црево, барем кај глувците – според студија од мај 2015 година на Универзитетот за фармација во Аризона. Следниот чекор е да се истражат ефектите на циметот кај луѓето.

  1. Циметот ги убива вирусите

Дневната доза цимет може да ги држи вирусите подалеку од вас. Истражувачите од колеџот Туро во Њујорк споредија два јужноафрикански типа цимет, од Сајгон и Цејлон со други растителни екстракти (кромид, лук, каранфилче, нане, какао и шпански шафран). Само 10% од екстрактот од цимет биле доволни за ефикасно да се убие вирус сличен на оној кој ги напаѓа луѓето, но и животните, по само 10 минути. Резултатите траеле повеќе од еден ден. Затоа се препорачува ставање цимет во разни слатки намирници.

  1. Циметот може да ја зголеми меморијата

Иако оваа ставка сè уште не е тестирана кај луѓе, циметот ја зголемува меморијата кај животните – кај тестираните глувци со утврдена деменција. Научниците им дале од 50 до 200 милиграми „Cinnamomum zeylanicum bark“ (од кој се добива циметот), по што морале да поминат низ лавиринти. Се покажало дека многу подобро ги препознаваат новите предмети и прават разлика помеѓу нив и веќе познатите предмети.

  1. Го контролира дијабетесот

Според едно истражување од 2013 година, многу е можно циметот да помогне во контролата на дијабетес тип 2. Циметот е евтин природен лек кој може да помогне во намалувањето на гликозата во крвта. Сепак, најголемата предност, т.е. ефект има кинескиот цимет.

  1. Ја намалува менструалната болка

Ова е одлична вест за сите жени кои трпат огромни болки секој месец. Студија од 2015 година покажа дека речиси 80% од жените кои земале цимет во форма на пилули имале значителна промена, во споредба со оние кои земале плацебо. На почетокот на циклусот, жените пиеле околу 420 милиграми цимет, три пати на ден. На овој зачин му требало помалку од еден ден за да има ефект, а во текот на третиот ден од циклусот – болките исчезнале. Освен што ја намалил болката, циметот делувал и на обилно крварење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma