Летото е тест за издржливост на многу врски, но психотерапевтите веруваат дека секоја жена може да препознае неверен маж.
Американскиот психолог, експерт за брачни односи, Сузан Пис издвои пет вообичаени особини со кои може да се откријат измамниците.
– Совладајте ја оваа формула и многу лесно ќе ги „фатите“ мажите во измама, пренесува „Хафингтон пост“.
- Страв
Иако никој не сака другите да копаат по неговите приватни работи, нешто друго е кога се плаши да го остави телефонот без надзор.
- Комплекси
Мажите кои се несигурни, без разлика дали се работи за нивниот изглед, плата или нешто друго, имаат три пати поголеми шанси да изневерат. На тој начин го задоволуваат своето его.
- Нарцис
Нарцисоидните мажи се повеќе склони кон изневерување затоа што им недостасува сочувство и ги гледаат жените само како предмети за нивно задоволство.
- Недостаток на интимност
Едно е ако вашиот дечко отсекогаш бил ладен, но ако одеднаш стане таков, тогаш тоа е знак дека шарал на страна.
- Флерт
Едно е да се биде љубезен, друго е кога некој го прави тоа постојано. Ја користи секоја прилика да флертува со други жени без разлика дали сте во негово друштво или не.