Сомнежот е исклучително моќна емоција, а сомнежот во емотивниот партнер може да предизвика расправии, недоверба и непријатност. Ова не само што ќе влијае на вас, туку ќе предизвика тензија во врската.
Се разбира, некои сомнежи се секако нормални, дури и пожелни, но хроничното сомневање може да и наштети на вашата врска. Добрата вест е дека постојат начини или совети да се запре токсичното однесување. Иако тоа нема да се случи веднаш, со правилен пристап и став, можете да почнете да менувате како се чувствувате и се однесувате кон партнерот.
Ајде да го истражиме пристапот што ни го донесе „Healthshots“, кој ќе ви покаже како подобро да се справите со ова негативно чувство.
1. Анализирајте што ве доведува до оваа состојба
Ова е многу важен чекор. Пред да почнете да го испрашувате вашиот партнер, запрашајте се дали е вашиот сопствен страв што предизвикува сомнителни мисли. Понекогаш лошите искуства од минатото или траумата може да доведат до сомнеж во идните врски.
Затоа, бидете сигурни дека тоа не е ваш случај, а ако е така – одвојте малку време да ги разјасните вашите мисли, потреби и желби и да работите на себе. Во ред е и да побарате помош од партнерот.
2. Изградете самодоверба
Ниската самодоверба може да ги предизвика горенаведените проблеми во врската. Ако немате високо мислење за себе, тогаш се плашите како ве доживува околината, па дури и вашите најблиски, а тоа го вклучува и емотивниот партнер.
Водете дневник на вашите мисли и вклучете една добра работа што сте ја направиле за што сте горди или среќни. Ова ќе ја зголеми вашата самодоверба.
3. Прифаќање на несовршеноста
Прифатете дека ниту една врска не може да биде 100 проценти совршена. Сите врски имаат одреден елемент на двосмисленост и мистерија.
Не постои начин да се најде совршен партнер, бидејќи недоразбирањата се чести. Некогаш ќе почнете да се земате здраво за готово и ќе тргнете во друга насока, очекувајќи вашиот партнер да ве следи, но тие може да имаат поинаква перспектива. Прифатете го и одете напред, заедно.
4. Комуницирајте со партнерот
Решението за секој проблем во врската е отворено да му ги соопштите на партнерот вашите грижи и стравови. Разговарајте за вашите чувства. Не заборавајте да ги изразите своите сомнежи, но не осудувајте и внимавајте на агресивниот тон. Разговарајте за причините што ве прават сомнителни, наместо да влегувате во отворена конфронтација.
5. Одвраќање од негативното
Научете да ги модулирате вашите мисли за да може негативните мисли да се заменат со позитивни. Ако постои шанса дека нешто не е во ред – има еднакви шанси дека се е во ред.
Вежбајте длабоко дишење или слични техники за релаксација за да ја намалите анксиозноста. Направете го тоа со партнерот за подобар ефект.