Ја завршивте врската. Го избришавте бројот на партнерот, ги блокиравте на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, ги фрливте сите заеднички слики и ги избришавте пораките.
Сепак, сè уште не можете да престанете да размислувате за нив.
Како што тврди „Your Tango“, постои магичен трик кој може да ви помогне конечно да го преболите бившиот токму сега, еднаш засекогаш. Тоа е малку контроверзен метод, но ако навистина сакате да го преболите – ќе успее.
1. Магијата во вашиот ум
Прво треба да ја разберете магијата. Тоа е нешто што го доживувате секој ден, но никогаш не го забележувате. Работи според принципот на изреката на Хипократ „Сличното се лечи со слично”. Што значи ова? Ние го сакаме она што го замислуваме. Со други зборови, не можеме да го одвоиме нашиот ум (имагинација) од нашето тело (дејство).
Можете да го избришете бројот на вашиот поранешен и тоа ќе работи една минута. Но, тогаш повторно почнувате да размислувате за него и да фантазирате како би било повторно да бидете заедно. И во вашата имагинација, сè е совршено во врската. Птиците пеат, сонцето сјае…
2. Невозможно е да се одолее на тој импулс
И тоа не е ваша вина. Не е проблемот со вашиот недостаток на волја, бидејќи всушност имате силна волја да продолжите да се обидувате повторно и повторно. Затоа вашиот мозок трча илјада километри во секунда обидувајќи се да ви пренесе каква одлична можност е тоа навистина. И тоа не е вашиот недостаток на волја што ве сопнува, туку моќта на вашата имагинација.
Веројатно сте креативен, романтичен или уметнички тип. Како резултат на тоа, вашата имагинација ви изгледа целосно реална и „3Д“. И никој не може да ве обвини за тоа.
3. Моќта на имагинацијата работи за вас
Затоа треба да знаете како можете да ја искористите моќта на вашата имагинација да работи во вапа корист, наместо да се затворите во истиот круг на повторени дејства, повторени мисли и повторени чувства.
Магијата е оваа: вашиот мозок ќе работи со полна пареа за да ја оствари таа ваша прекрасна фантазија, но бидејќи вие сте само половина од таа равенка, вие сте во бескрајна јамка на невозможното. А тоа води до уште поголема бескрајна фрустрација, самообвинување и очај.
4. Замислете уште еднаш дека сте со поранешниот партнер
Сега замислете уште еднаш дека сте повторно заедно. Но, помислете на најгрдата, најзлобната, најлутата борба што некогаш сте ја имале. Размислете колку се чувствувавте глупаво, бескорисно или инфериорно. Сетете се колку го мразевте партнерот во тој момент, колку ве повреди неговото однесување, колку никогаш повеќе не сте сакале да го видите.
Дали се сетивте? Разбравте? Го почувствувавте? Сега продолжете го тоа до крајот на животот.
Дозволете тоа чувство на инфериорност, лутина, емоции и размислување дека не сте доволно добри да го исполни вашето тело, срце и ум. Сега замислете да ја живеете секоја минута од животот обидувајќи се да го заслужите одобрувањето од партнерот, но никогаш да не го добиете.
Забележете колку е лош таквиот живот.
5. Дали вака сакате да го живеете животот?
Во овој момент, може да бидете во искушение трескавично да замислите како да го натерате да ве сака. Ако подлегнете на тој импулс, не сте ја направиле вежбата правилно. Затоа што зад желбата да го натерате да ве прифати, се уште стои тој замислен среќен крај кој сè уште демне и виси како јамка околу вратот.
И така, еве го последниот трик за да излезете од таа јамка – за да го натерате да ве засака, треба да станете некој друг!
Вашето силно, самоуверено, достојно чувство за себе никогаш не би ви го дозволило тоа. Дури и тие да попуштат за момент, тоа нема да трае долго.
Затоа, држете се до несреќниот крај. Направете го тоа што е можно поживо во вашиот ум, додека помислата за врска со бившиот не стане толку непривлечна што ќе почувствувате гадење. И не грижете се, не мора да го мразите партнерот засекогаш или драстично, ова е само чекор да излезете од вашиот филм и да бидете слободни.
После тоа, паниката и емоциите ќе стивнат и ќе можете слободно да размислувате за бившиот на здрав начин: како партнер кој сте го сакале и кој ве сакал, но не целосно.