Пејачката Шер (76) и нејзиното ново момче Александар Едвардс (37) се појавија на ревијата на Версаче и ги добија сите симпатии.
Имено, тие насмеани позирале во Pacific Design Centrе, а пејачката не ја криела среќата.
Шер на црвениот тепих разменила бакнеж со својот избраник, игнорирајќи ги негативните коментари и фактот дека е многу постара од него.
Двојката ја потврди својата врска набргу откако беа фатени во јавност како се држат за раце, што се случи на почетокот на ноември 2022 година, пишуваше тогаш Dailymail.
Шер и Александар неодамна потврдија дека работат заедно на нова музика, а Едвардс изјави дека ги запознал синовите на пејачката Чаз Боно (54) и Илаја Блу Алман (46).