Велигден се ближи, а доколку сакате да го изненадите вашето семејство со прекрасни велигденски јајца, тогаш можете да ја испробате техниката на фарбање со која се добиваат мермерни јајца.
Состојки:
лушпи од кромид
јајца
газа
бои за јајца
Подготовка:
Сварете ги јајцата и ситно исечкајте ги лушпите од кромидот. Потоа потопете го јајцето во вода, па во сечканите лушпи и убаво завиткајте го за да се залепи што повеќе.
После тоа ставете го јајцето на газа и врзете го, ставете го во тенџере со вода и додадете боја, посолете, па варете 10 минути откако ќе зоврие.
Извадете го од тавата и оставете да се излади, а потоа извадете ја газата. Отстранете ги лушпите од кромид и премачкајте ги јајцата со масло.