Канадскиот музичар Шон Мендес и неговата поранешна девојка, кубанско-американската пејачка и актерка Камила Кабело, беа фатени како страсно се бакнуваат на музичкиот фестивал Coachella, но тие упорно негираа дека ја обновиле врската. Сепак, овие денови парот повторно беше виден како ноќе се шета во Малибу држејќи се за рака, па се чини дека решиле да и дадат уште една шанса на својата љубов.
Шон Мендес и Камила Кабело се запознаа во 2014 година, кога таа беше член на групата Fifth Harmony, а тој потпиша договор за издавање со Island Records таа година и по победата на музичкото шоу на Рајан Сикрест „Best Cover Song“ почна да ги освојува топ листите. Тие ја започнаа својата врска во јули 2019 година, откако снимија заеднички спот за нејзината песна „Señorita“ и оттогаш беа неразделни. Но, во ноември 2021 година, по година и пол врска, ја објавија веста за раскинувањето и ги шокираа обожавателите кои ги сметаа за совршен пар. По Камила, популарниот пејач започна врска со 51-годишната киропрактик и докторка Џоселин Миранда, чиј пациент бил тој самиот и со која неколку пати беше виден во многу релаксирачки ситуации.
По раскинувањето, Камила најде утеха во прегратките на Остин Кевич, извршен директор на апликацијата за запознавање Lox Club, но врската не траеше. И додека парот сè уште не проговорил за нивната врска, сега е јасно дека решиле да се обидат уште еднаш.
@deuxmoi shawnmendes and camilacabello holding hands last night in LA