Кајли Џенер низ годините се покажа дека е модел на новите модни трендови.
Меѓутоа, веќе некое време таа титула не ја носи сама, туку ја дели со својата петгодишна ќерка Сторми.
Јасно е дека Сторми го наследила своето чувство за мода од нејзината мајка, но тоа е благодарение на желбата на Кајли да се здружи со нејзината „мала верзија од себе“ во нејзините комбинации.
Одличен пример за тоа како тие секогаш се идентични во облекувањето е нивното неодамнешно појавување на уште еден моден настан во Њујорк. Пред хотелот во кој престојуваа на камерите им ги покажаа новите стилови.
Тие се одлучија за пролетни цветни модели. Кајли носеше долг и тесен фустан со долги ракави. Фустанот ја следи нејзината линија на телото и со светла, беж нијанса ги истакнува цветовите кои се расфрлани низ креацијата.
Овој модел е со целосно проѕирен тул, покажувајќи го корсетот и беж долната облека. Фустанот е направен како илузија, беж бојата се спојува со нејзината кожа и остава впечаток дека на нејзината кожа има само цвеќиња.
Решила да ја стави косата во пунџа и да пушти шишките да ѝ паднат врз нејзиното лесно нашминкано лице, со нагласени розови јаболчници.
Таа не го комплицираше премногу изборот на чевли и аксесоари, за да не го наруши фустанот. Облече беж чевли и зеде мала црвена чанта.
Додека во едната рака држела чанта, во другата ја држела ќерката, која исто така ја следела Кајли со облеката. Сторми носеше шарен аутфит – шарен фустан во комбинација со цветни хулахопки. Облекла бели патики, направила два машнички и решила да ги воодушеви сите со широка насмевка.