
Ќерката на Мадона, Лурдес Леон, позирала во провокативно издание за американскиот магазин „W“.
Ќерката на поп-иконата споделила неколку фотографии на Инстаграм од неодамнешното снимање со „W“ магазинот, во кој зборувала за поврзаноста со дискографската куќа „Chemical X“ од Њујорк.
Леон позирала на црвена билјард маса во проѕирен чипкан костим и црн корсет во комбинација со црни Луботин високи потпетици.
ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
„Во овој град многу се зборува и се критикува… Навистина е лесно да се чувствувате неинспиративно бидејќи сите други се уметници и сите прават сè. Тоа доведува до прашањето: „Зошто сум тука? Зошто е ова важно? Зошто е ова релевантно?’“, вели Лурдес.
Според зборовите на основачот на дискографската куќа, на Леон ѝ е јасно местото во музиката бидејќи таа создава музика која допира до луѓето и говори сама за себе.
Неговото верување во Леон е она што на крајот ја инспирирало да „скокне“ во студио и да создава сопствена музика.


