popara9 јуни, 20231min00
jennifer-lawrence-0770394340-1-

Што се однесува до шминката, да бидеме искрени: грешки се случуваат на сите. Без разлика дали се работи за погрешна нијанса на ајлајнер, погрешен молив за очи или премногу руменило, сите на моменти сме се чувствувале незгодно пред огледалото.

Речиси секогаш важи изреката „помалку е повеќе“, особено ако сакате да изгледате посвежо и помладо, а clean изгледот е во тренд со сезони. Софија Танг, основач на Nako Cosmetics и Хилари Клајн, професионална шминкерка споделуваат 4 грешки во шминкањето кои прават да изгледате постаро.

Занемарување на веѓите

„Ретките, тенки веѓи го прават лицето да изгледа постаро и посериозно“, вели Танг. „Претераното кубење доведува до помалку дефинирани веѓи, а со тоа и лице. Сега подебелите веѓи се повеќе во тренд“. И двата експерти за шминка препорачуваат да изберете молив што одговара на бојата на косата и да ги пополните веѓите следејќи ја нивната природна форма и лак и малку подигнувајќи ги со четка за ефект на ламинирани веѓи.

Тешки слоеви на течна пудра

Полно лице со пудра не води до здрава и природно сјајна кожа, туку обратно. Нашата кожа не сака тешки подлоги, особено по одредена возраст, вели Клајн. „Имате текстура, фини линии и брчки, а тешката подлога само ги истакнува и прави да изгледате уште постаро“. Избегнувајте го ефектот на маска, а изберете лесни пудри или оние со серуми кои истовремено ја хидрираат кожата. Бидете особено внимателни со областа околу очите – користете минимална подлога овде бидејќи кожата е тенка и полна со фини линии.

Камена пудра или прав како завршен слој

„Оваа пудра може да потоне во фините линии и брчки, нагласувајќи ги и правејќи ја вашата кожа да изгледа сува“, вели Танг. Наместо тоа, одлучете се за BB крем, кој дава младешки, свеж изглед. Друг дополнителен совет за шминкање на лицето е да додадете хајлајтер после руменилото и пудрата. „Тоа е супер популарна техника за да се постигне сјаен изглед што го отвора лицето.“

Користење на темни сенки за очи

Темната сенка на долните капаци прави да изгледате постаро, па наместо тоа, користете посветли, понеутрални нијанси и зачувајте ги потемните бои за браздата. Посветлите бронзени нијанси се помодерни од било кога, а совршено го надополнуваат природниот, чист изглед со малку пудра и маскара.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag