Селена Гомез најави дека ќе го избрише Инстаграм по објавите за Израел и Палестина

popara3 ноември, 20231min00
profimedia-0808619190-830x0

Актерката и музичка ѕвезда Селена Гомез планира да го избрише својот Инстаграм профил поради негативни коментари.

Таа објави сторија во која напиша:

– Паузирам и го бришам Инстаграм. Завршив. Не поддржувам ништо од ова да се случува.

https://xdn.tf.rs/2023/11/03/sd-830x0.jpg

Сепак, луѓето се уште се лути на холивудската ѕвезда за објавата за војната на Блискиот Исток, а негативните коментари се нижат.

Да потсетиме, Селена објави пост во кој ги осуди актуелните случувања во светот, а многумина тоа го дочекаа негативно бидејќи сметаат дека не ја искористила добро својата платформа, и дека може многу повеќе.

– Направив пауза од социјалните мрежи бидејќи срцето ми е скршено поради ужасот, омразата, насилството и теророт што се случува во светот. Луѓето се мачат и убиваат и тоа е страшно. Сите ние треба да ги заштитиме луѓето, а пред се децата, и засекогаш да престанеме со насилството. Жал ми е ако моите зборови не се доволни. Навистина не можам да поднесам невини луѓе да бидат повредени. Тоа ме разболува. Посакувам да можам да го сменам светот, но една објава не го прави тоа – рече тогаш таа.

https://xdn.tf.rs/2023/11/03/sdg-830x0.jpg

Селена не е единствената која моментално трпи лоши коментари, а семејството Хадид дури добива и смртни закани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma