Додека и пружате орално задоволство, не заборавајте да ги допирате и другите делови од нејзиното тело. Во исто време, можете да ги допрете нејзините брадавици со прстите, а тие се одговорни за посилно чувство на задоволство
- Јазикот ви работи пребрзо
Бидете нежни и правете го тоа полека. Жената нема да ужива повеќе ако забрзате и притискате премногу на нејзините гениталии со јазикот – напротив, задоволството ќе биде помало.
Дополнително, она што сакате да го најдете со јазикот е нејзиниот клитос, а откако ќе го најдете, сензуално кружете по него. И уште нешто, нека оралниот секс не трае предолго, тоа не е натпревар на издржливост.
- Сакате да ви седне на лице
Жените велат дека претпочитаат орален секс кога не седат на неговото лице, туку кога лежат опуштено, особено кога е во прашање почетокот на врската. Подоцна, кога и двајцата партнери ќе се чувствуваат удобно еден со друг, тогаш е вистинско време да почнете да експериментирате.
- Ги занемарувате другите делови од телото
Додека и пружате орално задоволство, не заборавајте да ги допирате и другите делови од нејзиното тело. На пример, во исто време можете да ги допирате нејзините брадавици со прстите, а тие се одговорни за посилно чувство на задоволство кај партнерката.
- Не ги следите нејзините движења
Запомнете, исто како за време на класичен секс, така и за време на орален секс – жените сакаат да ги движат своите тела за да го максимизираат задоволството. Внимавајте на нејзините движења и следете ги – тие го откриваат најдобриот начин за нејзино задоволство.
- Премногу брзате
На жените им треба подолго време за да постигнат оргазам од мажите. Според сексуалната советничка Др. Лаура Берман, во просек се потребни 20 минути за жените и 7,5 за мажите.
Затоа, бидете трпеливи и не избрзувајте со нејзиниот оргазам. Покрај јазикот и усните, користете ги и рацете.
- Разочарани сте ако не сврши
На многу жени им е потребна ментална стимулација наместо визуелна или физичка, а мажите се повеќе склони да се потпираат на тактилни реакции и секси визуелизации, вели сексуалниот терапевт Иан Кернер.
На жената може да и се случи умот поради некоја причина малку да и залута и да не и е најдобар ден за секс. Бидете разбирливи и не покажувајте разочарување доколку вашиот орален труд не донесе кулминација, пренесува Men’s Health.