6 знаци дека вашето токсично однесување полека ја уништува врската

popara17 август, 20231min00
Screenshot_1

Секоја врска поминува низ кризи и тешки моменти, а секој има право некогаш да погреши, но што кога тоа несвесно ќе премине во навика?

 

 

 

Независно колку сакате некого, тоа не значи дека некогаш не може да влезете во бурна дискусија и човечки е да имате различни ставови и несогласувања.

 

Сепак, постои голема разлика помеѓу мали несогласувања одвреме-навреме кои на добар начин се решаваат и помеѓу оние однесувања кои ја прават врската токсична.

 

Доколку во одреден момент се „фатите“ себеси дека не го почитувате партнерот и постојано повторувате исти грешки, можеби вие сте тие што ја уништуваат врската.

 

Во продолжение неколку знаци на токсично однесување кои ја прават врската неподнослива:

 

  1. Секогаш го обвинувате партнерот дури и ако потсвесно знаете дека вината е во вас и без да размислите.

 

  1. Секогаш му поставувате ултиматуми и го уценувате да прави работи, независно дали се големи или ситници.

 

  1. Го срамите и омаловажувате пред други обидувајќи се да бидете над него.

 

  1. Не знаете како да го контролирате импулсивното однесување и секогаш му се истурате на него.

 

  1. Се грижите само за сопствените потреби независно дали се мали или големи и правите сè за да биде како што сте наумиле.

 

  1. За секоја ситница правите драма или уште полошо, ги премолчувате работите наместо да ги кажете додека е време и да се решат.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag