7 знаци дека сте во врска со емотивно недостапна личност: Препознајте ги на време

popara17 февруари, 20231min00
svadja-830x0

Добро обрнете внимание дали вашиот партнер се однесува вака

Дали некогаш сте се запрашале дали вашиот партнер е подготвен за сериозна врска? Штом се запрашувате, веројатно длабоко во себе знаете дека сепак нешто не е во ред.

Експертот за врски Ел Мек откри седум знаци дека сте во врска со некој кој е емотивно недостапен.

  1. Не сакаат ништо да планираат
  2. Нивниот збор е последен
  3. Го избегнуваат зборот „врска“
  4. Тешко се зближуваат со други
  5. Не покажуваат емоции
  6. Несигурни се
  7. Имаат проблеми со приврзаноста и траума

Психологот Барбара Сантини додаде дека изразувањето на своите потреби би можело да им помогне на овие луѓе да станат подостапни.

Ел Мек вели дека има голем број причини зошто некој може да има проблем да покаже емоции.

– Можно е да се несигурни, бидејќи не покажувале емоции и не ги добивале кога биле деца – вели таа и додава дека таквите луѓе често се плашат од одбивање.

– Постои можност во минатото да доживеале неколку пати да бидат одбиени и повредени, па се бранат со вакво однесување – објаснува Ел.

Експерт за врски истакнува дека разговорот со такви луѓе многу би помогнал, но треба да бидете упорни и трпеливи.

– Воопшто не ја играјте нивната игра. Бидете искрени и кажете им дека ви пречи нивната недостапност. Водете го овој разговор во мирна, безбедна и релаксирачка средина, а не во јавност, објаснете зошто се чувствувате вака и како врската би можела да има корист ако ви се обратат со своите проблеми – заклучила таа, како што пренесува „Dailymail“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma