7 можни причини зошто повеќе се потите навечер: Иако овој феномен обично лесно се решава, не го игнорирајте

popara7 април, 20231min00
Screenshot_1

Ако често се будите навечер поради потењето и топлината, губите многу од потребниот сон и му штетите на вашето здравје. Секој со сериозен случај на ноќно потење знае колку е непријатно да се разбудите во текот на ноќта. Иако оваа состојба не е опасна по живот, прекумерното потење може да биде знак за некое посериозно нарушување.

 

 

 

 

Зошто постојано се потите навечер?

За многу луѓе причината за страдањето не е поврзана со околината во која спијат. Ноќното потењето е обично симптом на некоја друга медицинска состојба, па важно е да ги побарате и другите симптоми пред да донесете заклучок.

 

  1. Хиперхидроза

Хиперхидрозата е состојба дефинирана како абнормално потење. Околу 2,8% од населението страда од ова нарушување. Ако се соочувате со овој проблем, голема е веројатноста да имате проблеми со габични инфекции, проблеми со кожата и силен телесен мирис.

 

  1. Инфекција

Некои инфекции можат да предизвикаат прекумерно ноќно потење. Често потењето е поврзано со ХИВ, инфекција на коските и воспалени артерии. Ноќното потење најчесто е поврзано со туберкулоза. Некои други симптоми кои доаѓаат со туберкулозата се слабеење, замор, намален апетит, болки во зглобовите, треска, суво грло, кашлица и осип.

 

  1. Хормонална нерамнотежа

Ноќното потење кај жените често е поврзано со нивната возраст. Хормоналната нерамнотежа којашто се појавува за време на менопаузата, бременоста и пубертетот може да биде причина за потењето. Други симптоми на хормонална нерамнотежа се промени во менструалниот циклус, акни, паѓање на косата, болки, ненадејно дебелеење, сувост на вагината, уринарни проблеми, проблеми со спиењето и променливо расположение.

 

  1. Анксиозност

Причината за ноќното потење не е секогаш физички проблеми. Едно истражување покажало дека ноќното потење може да биде поврзано со анксиозноста. Ова создава еден циклус во кој сте загрижени за потењето, а со тоа само го влошувате проблемот.

 

  1. Апнеа

Апнеа при спиење претставува плитко дишење или паузи во дишењето во текот на спиењето. Едно истражување покажало дека ноќното потење е 3 пати почесто кај луѓето кои страдаат од нетретирана апнеа за разлика од останатото население.

 

  1. Некои видови рак

Ноќното потење може да биде и ран знак за рак, најчесто за лимфома или леукемија. Сепак, во овој случај ќе се појават и други симптоми како треска, замор, намален апетит и необјасниво слабеење.

 

  1. Несакани ефекти од лекови

За жал ноќното потење е несакан ефект на многу лекови. Антидепресивите, терапиите со хормони и терапиите за дијабетес можат да предизвикаат ноќно потење. Па, ако земате некакви лекови прочитајте го упатството за несаканите ефекти.

 

Кога да посетите лекар?

Забележете ги загрижувачките симптоми како локализирана болка, слабеење, треска, дијареја или кашлица. Посетете лекар ако ноќното потење се случува често и ако го попречува спиењето.

 

Како да го спречите ноќното потење?

Покрај препораките на лекарот, постојат уште неколку работи што можете да ги направите.

 

Промени во спиењето

За поквалитетен сон, направете распоред за спиење, релаксирајте се и избегнувајте алкохол и кофеин пред спиење.

 

Промени во опкружувањето

Осигурете се дека спалната соба е доволно студена и удобна. Вклучете го вентилаторот, користете потенки прекривачи и отворете ги прозорците.

 

Промени во животниот стил

Некои видови храна можат да направат да ви биде топло навечер. Медитеранската, храната со масти и храната со многу шеќер може да предизвика потење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma