Психотерапевтот Марко Јовашевиќ истакнува дека избегнувањето конфликти и негирањето на туѓите емоции се дел од работите што не треба да се прават.
Иако теоретски би било одлично доколку никој никогаш не се расправа и не се судри, во пракса работите се малку поинакви.
Конструктивните конфликти се всушност пожелни, бидејќи тие се начин да се решат проблемите и да се формира здрава врска.
Психотерапевтот Марко Јовашевиќ сподели со своите следбеници 7 работи што не треба да ги правите доколку сакате да имате здрав однос со некого:
Не е мудро да избегнувате конфликти
Работите нема да се стават во ред доколку другиот не е свесен дека има проблем. Јасноста ја спасува врската.
Не е мудро да ги негирате туѓите емоции и чувства
Мора да се почитуваат сите чувства и емоции.
Не е мудро да се обидуваме да победиме кога се расправаме
Треба да размислуваме за решението, а не за тоа кој е во право, а кој не. Целта е да се поврземе, а не да победиме.
Не е паметно да чекате луѓето да ви ги прочитаат мислите
Како може некој да знае кои се вашите потреби ако не сте ги кажале со зборови? Кога сте искрени со сопствените потреби, спречувате незадоволство.
Не е паметно да ги принудувате луѓето да размислуваат како вас
Ако луѓето ги почитуваат вашите потреби, тогаш воопшто не е важно дали се согласуваат со вашето мислење или не.
Не е паметно да очекувате една личност да ги задоволи сите ваши потреби
Не може една личност да ни биде сè, особено кога се во прашање емоциите. Потребен ви е широк систем на поддршка, луѓе кои можат да ве поддржат во различни аспекти од вашиот живот.
Не е паметно да очекуваме луѓето да ги почитуваат нашите граници ако ние не ги почитуваме нивните
Границите се неопходни и здрави за една врска.