Дури и со најдобри намери,можеби и нанесувате повеќе штета на вашата кожа отколку добро.Можеби постојано ја следите рутината за нега на кожата и сте посветени на тоа како ја одржувате и заштитувате,особено од сонцето.За жал,сепак,според дерматологот и напреден естетичар д-р Дев Пател,производите што религиозно ги нанесувате на вашата кожа „се само едно парче од сложувалката“.
Имено, понекогаш секојдневните работи кои ги правите без размислување,како пиење пијалок низ сламка или туширање со топла вода,со текот на времето може да предизвикаат појава на брчки на вашето лице. Затоа,тој за The Sun наведува дури седум вообичаени навики кои можат предвремено да ја стареат вашата кожа.
1. Туширање со топла вода
Ништо не е поубаво од топол туш на крајот од стресниот или студениот ден.Па,иако можеби се чувствувате посмирени по топла бања,д-р Пател предупредува дека вашата кожа можеби нема да биде толку среќна на долг рок.
– Топлата вода може да предизвика воспаление на површината на кожата, што резултира со губење на влажноста – објаснува докторот: – Размислете. Кога се туширате предолго,вашите прсти се збрчкуваат, вашата кожа станува сува,а на вашето тело му треба длабока хидратантна крема.Сето ова се знаци дека влагата ја оставила вашата кожа под топла вода,што може да доведе до појава на фини линии и брчки.
Водата за туширање идеално треба да биде млака за да се осигура дека бариерата за здрава кожа не е лишена од природните масла кои се неопходни за еластична кожа.А ако во исто време сте и тип кој енергично го трие телото со крпа штом се бањате, доктор Пател предупредува дека уште повеќе ја сушите кожата. Наместо тоа,обидете се со нежно тапкање,советува тој.
2. Триење на очите
Кожата околу очите е особено нежна и подложна на оштетување.Затоа е забрането триење на очите доколку сакате да избегнете создавање на брчки.
Поривот за триење на очите се јавува автоматски ако почувствувате скокоткање во окото,но тоа всушност може да изврши голем притисок и напнатост врз вашите очи и да ја направи кожата покревка со текот на времето.
– Триењето на кожата може да предизвика нејзино предвремено истегнување и да го зголеми разградувањето на колагенот – предупредува естетичарот: – Ако тоа се прави често, на крајот може да ја оштети бариерата на кожата и да предизвика инфекција – истакнува д-р Пател и предлага да се примени корективен серум кој го стимулира производството на колаген околу очите.
3. Претерано чистење
Дефинитивно е важно да ја отстраните шминката,да нанесете крема за сончање и да го исчистите лицето од нечистотија на крајот од денот.Но,чистењето на лицето повеќе од два пати на ден може да ги отстрани од вашата кожа природните масла кои ја одржуваат хидрирана и еластична.
Прекумерното чистење може да ја оштети бариерата на кожата и да ја остави сува и повеќе склона кон развој на фини линии, брчки и предвремено стареење.
Естетичарот затоа советува да избегнувате чистење повеќе од два пати на ден и да користите млака вода.- За зајакнување на бариерата на кожата за време на чистењето,користете препарати со билни формули за нега на кожата.Исто така, погрижете се вашето средство за чистење да не содржи груби сурфактанти, бидејќи тие можат да предизвикаат дополнително воспаление и сувост – нагласува експертот.
4. Претерана изложеност на сонце
– Очилата за сонце не се само моден додаток.Тие играат клучна улога во заштитата на вашите очи од штетните УВ зраци на сонцето – истакнува лекарот за кожа и додава дека нивното неносење може да доведе до „брчки, старечки дамки и губење на еластичноста на кожата“.
Јаката светлина може да ве натера да ги замижете очите повеќе,што доведува до формирање на т.н „врана“ во надворешниот агол на очите,кои со текот на времето стануваат се поизразени.
– Носете очила за сонце,вашата крема за сончање и шапка со широк обод – советува естетичарот.
5. Гледање во вашиот телефон
Веројатно до сега не сте ни забележале дека со постојано гледање во телефонот создавате брчки на вратот.- Премногу време пред екранот, со свиткана глава и наведнат врат нанапред,може да доведе до појава позната како „технолошки врат“ – предупредува д-р Пател: – Покрај тоа што предизвикува напрегање и повреда на мускулите и ткивото структурите на цервикалниот ‘рбет,постојаното свиткување на вратот може да предизвика набори на кожата неколку пати.Со текот на времето, овие набори можат да станат поизразени и да прераснат во трајни брчки.
И ако сте тип на личност што е со телефон во раце пред спиење во мракот, можеби не сте забележале дека замижувате за да го видите екранот во мракот, што е уште еден начин на кој можете да добиете брчки околу очите.
6. Спиење на страна
Веројатно имате омилена поза за спиење,но ако тоа вклучува спиење на страна или стомак,тоа може да биде лоша вест за вашата кожа.
– Кога ќе го притиснете лицето на перницата,тоа се трие горе-долу од ткаенината,што придонесува за опуштање на кожата – истакнува докторот: – Бидејќи третина од животот поминуваме во сон,наборите на кожата кои се направени за време на спиењето на крајот може да предизвикаат брчки.
Естетичарот затоа советува да спиете на грб и на перница од свила или сатен, за да го намалите триењето на кожата.
7. Пиење со сламка
– Додека консумирањето неколку пијалоци со сламка веројатно нема да предизвика трајни брчки, постојат денешни шишиња со вода кои се дизајнирани да имаат сламки закачени на нивните капаци.
– Секојдневното туткање на усните може да предизвика линиите околу устата да станат поизразени, што станува се поголем проблем како што старееме. Пониските нивоа на колаген ја ослабуваат нашата кожа,што доведува до формирање на длабоки, вертикални линии околу устата, заклучува д-р Пател.