Ако сте некој кој нема големо искуство во љубовните врски,лесно можете да ја помешате нечија добрина со љубов.Но,ако сте во врска и не знаете дали вашиот партнер навистина конечно почнува да чувствува нешто за вас,тогаш ви треба овој мал водич.
Никој намерно нема да ја крие љубовта и наклонетоста,па ако вашиот партнер не исполни се од оваа листа – не се тешете дека „таков е“. Заљубениот маж и жена ќе се потрудат да ви го дадат тоа до знаење!
1. Секој ден ве потсетува колку ве сака
Не поминува ден да не најде начин да ви покаже колку се грижи за вас.Постојано ќе се чувствувате како приоритет во неговиот живот.Не е важно дали тоа ќе ви го покаже преку зборовите „те сакам“ или преку своите постапки, важно е вистината што ја покажува преку тоа.
2. Ќе ја заслужат вашата доверба
Секој сака да се чувствува слободно и удобно во врска.Камен-темелник на секоја врска,без разлика дали е емотивна или не,е довербата.Кога ќе покажете некому дека му верувате, добивате крилја и тогаш сè е можно. Знајте тогаш дека нема проблеми и пречки во вашата врска.
3. Станувате похрабри
Кога ќе останете без храброст, тој ќе ви помогне да се чувствувате поопуштено. Без разлика каде ќе ве однесе животот, тој ќе биде вашиот столб во сите ваши слаби моменти.
Тој ќе биде покрај вас на секој чекор од патот, ќе ги бодри вашите победи и ќе биде со вас дури и во пораз.
4. Ќе бидете мотивирани
Кога ќе почувствувате дека не можете да станете од кревет или да го започнете денот, тој ќе ве турка да ги постигнете вашите цели и соништа. Тие никогаш нема да се откажат од вас или од вашите страсти, дури и кога вие тоа го сакате.
5. Секогаш си му убава
Да се чувствувате убаво не е само тој да ви каже, туку и начинот на кој ве гледа, ве допира и се однесува со вас. Кога се чувствувате лошо за вашиот изглед, тој ве потсетува на тоа како неговото срце прескокнува.
6. Го прифаќа најлошото и најдоброто од вас
Дури и кога сте далеку од најгламурозниот изглед, тој тогаш може да ги види вашите маани и да ги прифати целосно, без прашање. И тој знае дека ти го правиш истото за него. Нему не му е гајле дали сте во тренерки и краток фустан – се што му е важно е да биде со вас.
7. Вие сте му важни
Дали ви треба лек, но мора да останете доцна на работа? Дали го заборавивте ручекот дома? Колку и да е мала задачата, тој ќе разбере дека ви е важна. Ќе оди во аптека да земе лекови и ќе застане до дома ако е во близина да го земе ручекот што си го заборавила.Ова е знак дека сте многу важни за него.
8. Нема да те повреди
Кога сте со вистинската личност, не мора да се грижите дали ќе ве повреди. Природно е да имате несогласувања и расправии во врската, но нема причина работите да бидат лични или навредливи.