Целиот свет ја чека новата музика на Ријана. Претприемачката, дизајнерка, музичарка, мајка и магнат за убавина постигна многу во својот живот во изминатите седум години, но од јануари 2016 година нема издадено албум. Затоа веста за нејзиниот настап на полувремето на Super Bowl беше дочекана со ентузијазам од многумина, меѓу кои и партнерот на Ријана, A$AP Rocky.
Раперот е повеќе од возбуден за новиот триумф на својата девојка, тоа го сподели во радио гостување на кое беше поканет поради номинацијата за Греми. „Многу ми е драго што мојата дама се врати да прави музика, повторно на сцената. Неверојатно е“, возбудено изјави A$AP Rocky.
“Супербоулот е огромна работа, и таа ќе го разнесе со својата креативност, човеку. Возбуден сум. Јас сум повозбуден од кој било, искрено”, признал невенчаниот партнер на поп ѕвездата.
Двајцата музичари важат за еден од најпознатите парови во шоу-бизнисот, а во врска се од 2020 година.По крајно експонираната бременост во која музичарката често го откриваше трудничкиот стомак, таа се породи во тајност на 13 мај 2022 година. Само една недела подоцна му открија на светот дека станале родители, а до ден денес не се знае како се вика нивниот мал син.
Како што дознаваат американските медиуми, Рири била на породување, по што целото семејство се одмарало во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Откако станаа родители, парот ретко излегуваше во јавност, беа видени само во неколку наврати на романтични вечери, се до овогодинешните Златни глобуси, каде Рири повторно блесна, а Роки ја гледаше заљубено како на првиот ден.