BUBBLE BOB Е БРОЈ 1 ФРИЗУРА ЗА ПРВИТЕ ДЕНОВИ НА ПРОЛЕТТА: Внесете малку софистицираност во новата сезона

popara21 март, 20231min00
paris-hilton-kosa-0598237046

Различни верзии на боб фризурата од година во година се голем хит благодарение на тоа што се работи за фризура која со себе носи позитивна промена и свежина во изгледот. Така и овој пат, после мала пауза за да се направи простор за долги и средно долги фризури од 70-тите, сè почесто го гледаме трендот на кратка коса. Како што се приближуваме до пролетта, јасно ни е зошто боб е една од најпопуларните фризури во овој период.

Оваа година Хејли Бибер, Зендаја, Сиара, Емили Ратајковски, Елса Хоск и Парис Хилтон веќе ги заменија своите долги фризури за кратки.

Но, за разлика од традиционалниот прав боб, bubble bob има свои карактеристики. Како што сугерира неговото име (меур), тој дише и е лесен, со многу волумен. Дополнително, потребна е малку степенасто шишање за да се создаде позаоблена форма.

Ова е суптилен, слоевит боб. Се крати по основната линија и потоа нежно се додава мала градација одзади за да се подигне обликот уште малку. Што се однесува до тоа како да го прашате вашиот стилист за овој стил, споредете го со тап боб со помала тежина позади.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag