“Fair Play”: Новиот филм на Нетфликс кој го најавува враќањето на еротскиот трилер

popara11 октомври, 20234min00
o_30774777_1280

Новиот филм на стриминг платформата Нетфликс го носи еротскиот трилер „Fair Play“ по сценарио и режија на Клои Домонт, а главните улоги ги толкуваат ѕвездата од серијата „Bridgerton“, Фиби Дајнвор и Олден Еренрајх. Многумина велат дека филмот е спој на филмовите во кои глумеше Мајкл Даглас: „Wall Street”, “Disclosure” и „The War od the Roses“ поради сексуални тензии и работа во финансиски компании.

Приказната ги следи Лук и Емили, кои работат во иста финансиска фирма, а нивната огнена романтична врска набрзо се „лади“ кога таа го добива унапредувањето по кое Лук копнее. „Филмот едноставно има некои забавни секс сцени“, изјави режисерот Домонт за Yahoo Entertainment на прашањето дали „Fair Play“ ќе стане најсекси филм на Нетфликс. Покрај тоа што носи сексуална напнатост, филмот ја истражува и родовата динамика на работните места каде доминираат мажи, како и романтичните тензии во односите кога ќе дојде до промоција во кариерата.

По фестивалот Санденс, голем дел од вревата околу филмот се фокусираше на искрената сексуалност на филмот, што е сè поретко да се види во големите студиски филмови, дури и во независните филмови. Режисерот истакна дека тие работеле со координатор за интимност на снимањето за сите секс сцени во филмот, (spoilers во продолжение) кои ја вклучиле и застрашувачката последна средба во која Лук ја силува Емили во бањата во ресторан по раскинувањето на нивната врска. „Ова е пар кој имаше животинска страст еден за друг на почетокот на филмот, но штом Лук ќе почне да се чувствува несигурен, тој не може да ѝ го даде тоа на Емили. Намерно направив трилер за динамиката на моќта на најгрдо ниво, па мораше да ескалира во последниот момент“, објасни Домонт.

„Flair Play“ доби импресивни 87 проценти од критичарите на Rotten Tomatoes, иако публиката на филмот му даде оценка од 55 проценти. На IMDb филмот има оцена 6,6/10 каде гласале речиси шест илјади корисници и е рангиран на 20-то место по популарност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix US (@netflix)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag