На Google има опција што можеш да ја исклучиш, за овој пребарувач да не ги прислушува твоите разговори
Со цел да ја подобри услугата што ја дава и да ви го даде токму она што ви треба, Google дизајнираше опција поврзана со вашиот глас, односно слушање што кажувате.
Сепак, повеќето луѓе не сакаат оваа апликација да има увид во нивните разговори, па ако се сомневате дека ве „прислушуваат“, еве како да го промените тоа.
View this post on Instagram
Отворете ја вашата сметка на Google со кликнување на иконата во горниот десен агол и изберете „Manage your Google Account“. Потоа одете во „Data and privacy“. Во него, кликнете на „Web and App Activity“, а потоа отштиклирајте „Include voice and audio activity“.
Можете исто така да ја отштиклирате опцијата „Include Chrome history and activity from sites, apps, and devices that use Google services“, што се однесува на активноста и пребарувањето на страниците што сте ги посетиле.
Како тоа изгледа во пракса погледнете во видеото на почетокот на текстот.